За ОХО

Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО е водечка невладина орга

Read More

За ОХО

Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО е водечка невладина организација која работи на непрофитни проекти за комуникации, еколошка едукација и консалтинг во Македонија и Балканот.

За работата на ОХО

За да се постигнат овие цели ОХО развива модели, програми и проекти во делот на својата експретиза, вклучувајќи:

  • Повеќегодишни програми или пак кратки проекти во полето на едукацијата: селекција и развивање на едукативни методологии, курикулум и други потребни едукативни алатки, како и нивна дисиминација.
  • Едукативни, информативни и промотивни кампањи, кои вклучуваат: медиумска покриеност, детска продукција, документарна и новинска продукција.
  • Активности за лобирање и консалтинг на невладини организации и институции.

ОХО е единствена невладина организација која има меморандум за спроведување на институционалната образовна програма „Интеграција на Еколошка Едукација во Македонскиот Образовен Систем“ во сите градинки, основни и средни училишта во Македонија преку официјалниот едукативен курикулум како дел од активностите на Министерстово за Образование и Наука.